На својот инстаграм-профил, некогаш една од најпознатите тенисерки во светот, Ана Курникова, која последните години целосно се повлече од јавноста и се посвети на семејниот живот, објави фотографија од малата Мери Иглесијас, најмладата ќерка што ја доби со латино sвездата Енрике Иглесијас
Во неодолив бел комплет, како да е создаден за тениски терени, насмеаното русокосо девојче седи на бела гарнитура. Можеби би била тоа сосема вообичаена фотографија да не се знае дека станува збор за најматенисерки во светотлото дете на славната двојка, Ана Курникова и Енрике Иглесијас.
Седуммесечната Мери Иглесијас седи боса, а нејзината горда мајка покрај фотографијата напиша: „Вимблдон пристигнувам“, алудирајќи на тоа дека можеби нејзината наследничка, кога и самата не успеа, би можела еден ден да освои Грен слем турнир.
Инаку, дека е бремена по вторпат, Ана и Енрике криеја речиси до крајот од сите. Бременоста е откриена случајно, кога случаен минувач ја фотографирал со трудничкиот стомак, а потоа на 30 јануари Иглесијас објави фотографија снимена во болницата во која го држи штотуку роденото девојче.
Мери Иглесијас е нивното трето дете, а веќе ги имаат близнаците Николас и Луси кои имаат две и пол години. Од почетокот на нивната врска, двојката реши да го чува својот приватен живот подалеку од јавноста и интересите на медиумите, а тие сѐ уште се држат цврсто до тоа.
ФОТО: Инстаграм