Ана Ивановиќ „бркала врски“ за набавка на респиратори во Србија
Целата таа операција била изведена под капата на Уницеф, чиј амбасадор е токму Ивановиќ.
Српската тенисерка Ана Ивановиќ учествувала во набавката на 35 респиратори за граѓаните на Србија. Како што пишуваат српските медиуми, Ивановиќ дала финансиска поддршка, но ги искористила и своите контакти за побрзо да се набават овие апарати.
Неколку компании заедно со Ивановиќ обезбедиле големи парични средства со кои биле нарачани 35 респиратори за потребите на медицинскиот систем во Србија. Целата таа операција била изведена под капата на Уницеф, чиј амбасадор е токму Ивановиќ.