Поранешниот вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев вечерва во „Клик Плус“ на ТВ 21 изјави дека во ситуација на пандемија од коронавирусот државата треба побргу да се задолжи додека се уште има ресурси во светот, бидејќи сите ќе имаат потреба од пари, кои нема да бидат расположливи така лесно. Тој предупреди дека во буџетот ќе недостигаат две милијарди евра.
На компаниите им порача да ги извезуваат своите производи, а да увезуваат репроматеријали.
– Не смееме да бидеме затворена економија бидејќи како мала економија сме зависни од останатите економии во светот- порача Анѓушев.