Анѓушев: Економијата да се одржи во жива состојба, а потоа да биде лекувана

700

Поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев во вечерашното вклучување во „КликПлус“ на ТВ 21 изјави дека во ситуација на пандемија од коронавирусот „важно е да се одржи во жива состојба економијата, а потоа биде лекувана“.

– Парите ќе станат многу важен ресурс во светот, секако не поважен од здравјето на луѓето. Првин треба да им честитаме на сите здравствени работници во светот, но мора да бидеме свесни за последиците од новонастанатата ситуација – констатира Анѓушев.

Тој предупредува дека пристапот до средства ќе стане отежнат.

– Намалување на приходните, па и расходните страни во економијата. Големите држави зборуваат за задолжувања од милјарди евра или долари. Ситуацијата ќе има сериозно влијание врз економското живеење. Сите компании ќе бидат афектирани од оваа ситуацијата. Во споредба со проектираното ќе претрпат загуби. Важно е да се додржи во жива состојба економијата, за да потоа биде лекувана – вели поранешниот вицепремиер за економски прашања.

Тој смета дека државата треба побргу да се задолжи додека се уште има ресурси во светот, бидејќи сите ќе имаат потреба од средства и истите нема да бидат расположливи така лесно.

Освен задолжувањето Анѓушев порача дека транспорните коридори мора да функционираат.

– Компаниите мора да ги извезуваат своите прозиводи, а да увезуваат репроматеријали. Не смееме да бидеме затворена економија бидејќи како мала економија сме зависни од останатите економии во светот. Компаниите да преживеат, за да одржат активност, барем минимална. Ценам дека е добра мерката за исплата на минимална плата – посочи Анѓушев.

 






Поврзани содржини