Анџелина уловена на тајна вечера со 15 години помладиот пејач: Ќе се шокирате за кого станува збор! (ФОТО)

3,038

Американската актерка Анџелина Џоли (46) и пејачот Д Викенд (31) се фотографирани додека излегувале од ресторан во Лос Анџелес во кој заедно престојувале, а сите се прашуваат која е причината за нивната средба.

Имено, Анџелина во средата вечер ги поттикна гласините дека помеѓу неа и 15-години помладиот музичар се случува нешто повеќе од познанство.






Тие поминале часови заедно во прочуениот италијански ресторан „Џорџо Балди“, а оттаму излегле одделно, за да не ги фотографираат заедно.

Холивудската sвезда носела црн фустан од свила и беж капут, додека авторот на хитот „Blinding Lights“ прошетал во фармерки и јакна, кои ги искомбинирал со црна маица и чизми во иста боја.

Иако обожавателите наголемо зборуваат дека се состанале од романтични причини, многумина тврдат дека се сретнале деловно затоа што пејачот сака кариерата да ја продолжи во Холивуд.

– Очигледно, тие не се обидуваат да ја скријат заедничката вечера – изјавил извор близок на пејачот.

– Тој е дефинитивно фокусиран да премине во филмската индустрија. Тој снима нова серија на Ејџ-би-о во која глуми – додал изворот, но многумина веруваат дека станува збор само за одвлекување на вниманието од нивниот личен однос.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tres (@angeltresjolieog)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини