Анџелина Џоли наводно е спремна да сведочи во врска со наводите за семејно насилство кое се одвивало за време на разводот со Бред Пит.
Од најавите за развод на овој пар во 2016 година, Џоли и Пит учествуваат во постапка за развод во која ќе се одреди старателството и ќе се решат ‘имотните несогласувања’.
Според судските документи до кои дошле „Бласт“, Џоли поднела документи во кои се наведува дека е спремна да поднесе и „доказ во прилог“ за наводно насилно однесување на Пит за време на нивниот брак, наведува „Индепендент“.
Џоли и Пит првпат почнале да се забавуваат во 2004-та година, на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“, а се венчале во 2014-та година.
Џоли две години подоцна поднела барање за развод, повикувајќи се на ‘непомирливи разлики’.
Ѕвездата на филмот „Maleficent“, во повеќе интервјуа рекла дека разделувањето било за ‘доброто на нивното семејство’.
Во 2016-та година, повеќе медиуми пренесоа вест за наводен инцидент во кој биле вклучени Бред и неговиот тогаш 15-годишен син Мадокс во семеен приватен авион.
Извор близок на Пит за „People“ рекол дека актерот бил „пијан“ и дошло до расправија помеѓу него и Анџелина’.
„Дошло до расправија на родителите и детето, која не е направена на прав начин и ескалирала повеќе од што требало“, навел изворот.
Како што пренесува „Кат“, Одделението за деца и семејни услуги во округот на Лос Анџелес, тогаш покренало истрага против Пит. На крајот била отфрлена и Пит бил ослободен без никакви кривични дела.
Во август минатата година, според АП, Џоли побарала да се замени приватниот судија кој ја води постапката за развод, бидејќи не ги открил своите претходни деловни врски со еден од моменталните адвокати на Пит.