АМОРИМ МУ ВОЗВРАТИ НА ФЕРГУСОН ЗА „СИНДРОМОТ ЛИВЕРПУЛ“ Ќе чекаме ли 10 години за нова титула на Јунајтед?

Рубен Аморим, актуелен тренер на Манчестер Јунајтед, одговори дека разбира фудбал подобро од повеќето луѓе, но дека Манчестер Јунајтед „нема да чекаме толку долго“ за трофеј. Тој откри и дека во кампот постои чувство на привилегираност кај некои млади играчи.

639

Сер Алекс Фергусон, најтрофејниот менаџер во историјата на Манчестер Јунајтед, остро го крена прашањето за „ливерпулски синдром“ кај Црвените ѓаволи.

Легендарниот стратег тврдеше дека клубот би можел да чека 10 или 11 години за следна Премиер лига титула. Фергусон поврза период од 3 децении на Ливерпул без шампионски трофеи со сегашната состојба на Јунајтед.






Рубен Аморим, актуелен тренер на Манчестер Јунајтед, одговори дека разбира фудбал подобро од повеќето луѓе, но дека „нема да чекаме толку долго“.

 

Тој откри дека во кампот постои чувство на привилегираност кај некои млади играчи. За актуелниот тренер проблематично е што Хари Амас и Чидо Оби, кои објавувале слики од свои успеси пред тренерот да ги оцени како неподготвени за првиот тим.

– Треба да се бориме со ова чувство. Вратата од мојата канцеларија е отворена, но никој не доаѓа да разговара со мене – истакна Аморим.

Тој се осврна и на ситуацијата со Коби Меину, чиј полубрат носеше маичка со порака „Ослободете го Коби Меину“.

Тренерот потврди дека играчот нема да биде казнет поради постапките на семејството.

Поврзани содржини