„АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНЕЛ“ И „ХЈУМАН РАЈТС ВОЧ“ Русија ја укина регистрацијата на 15 странски организации

382

Руското Министерство за правда во денешното соопштение соопшти дека ја укинало регистрацијата на 15 странски организации, вклучително и на „Амнести интернешенел„ и на „Хјуман рајтс воч“, јавија западните медиуми.

Руските филијали на овие организации, во кои е вклучена и „Фондацијата Карнеги за меѓународен мир“, се „исклучени од официјалниот регистар на странски невладини организации поради прекршување на постојното законодавство во Руската Федерација“, се наведува во соопштението на руското Министерство за правда.

Поврзани содржини