Водителот Огњен Амиџиќ пред една недела беше примен во КБЦ „Бежаниска коса“ со двострано воспаление на белите дробови.
Иако двата направени ПЦР тестови покажаа дека тој е негативен на коронавирусот, лекарите инсистираа Амиџиќ да направи скенирање на белите дробови, како и тест на крвта, по што дефинитивно беше потврдено дека е заразен со ковид-19.
Огњен помина седум дена во болница, а бил пуштен вчера, бидејќи сите резултати биле добри, а тестот за антитела го покажа нивното присуство.
Тој вели дека се чувствува добро и дека им должи голема благодарност на лекарите од КБЦ „Бежаниска коса“.
– Фала му на Бога, добро сум! Пуштен од болницата и конечно дома со моето семејство. Се радувам на новата емисија во вторник навечер, која ќе биде спектакуларна – рекол Амиџиќ за „Блиц.рс“.