АМЕРИКАНСКИТЕ ГИГАНТИ БАРААТ ТРАМП ДА ГИ НАМАЛИ ЦАРИНИТЕ ЗА ВИЕТНАМ Земјата е важна за диверзификација на нивното производството

Во писмото се повикува Вашингтон да избегнува тарифни мерки против Виетнам кои, како што се наведува се спротивни на „логичниот исход на американските политички цели“.

192

Американските корпорации, вклучувајќи ги гигантите како Apple, Intel и Nike, бараат од администрацијата на Доналд Трамп да „биде поблага“ во односите со Виетнам и да ги намали планираните тарифи за стоки увезени од оваа земја.

Kомпании тврдат дека Виетнам станал витален дел од нивната стратегија за диверзификација на производството и намалување на зависноста од Кина, објавува Financial Times (FT), повикувајќи се на анонимни информирани извори.






„Виетнам стана ценет партнер на Соединетите Американски Држави во контекст на диверзификација на синџирите на снабдување“, се вели во писмото до американските и виетнамските претставници од Трговската комора на САД во Ханој.

Во писмото се повикува Вашингтон да избегнува тарифни мерки против Виетнам кои, како што се наведува се спротивни на „логичниот исход на американските политички цели“.

Поврзани содржини