Американскиот наградуван музичар почина од коронавирус ВИДЕО

653

Американскиот кантавтор Адам Шлезингер, најпознат по својата работа во рок-групата „Fountains of Wayne“, почина во средата од последици на коронавирусот на 52-годишна возраст, пишува магазин „Варијети“.

Само еден ден порано, неговото семејство потврди дека музичарот е во болница и дека се бори против злогласниот вирус, а многу музички колеги на социјалните мрежи се збогуваат со него.






За време на својата триесетгодишна кариера, Шлезингер често правел музика за филмови и ТВ-серии и тоа многу успешно. За песната „That Thing You Do!“ во истоимената музичка комедија со Том Хенкс во 1997 година, тој доби номинација за Оскар и Златен глобус.

Тој освои три награди Еми за неговите песни во ТВ-сериите и една награда Греми во 2010 година. Последната награда Еми, Шлезингер ја освои минатата година за песната „Anti-Depressants Are So Not a Big Deal“ во популарната ТВ-серија „Луда екс-девојка“.

 

Поврзани содржини