Американски институт: Македонија е шеста во светот по бројот на починати од ковид-19, до септември ќе има 11.000 загубени животи
Американскиот институт, според нивниот модел, пресметал дека реално до септември годинава во нашата земја од заразата ќе починат дури 11.000 лица.
Македонија е меѓу земјите со најголема смртност од коронавирус во светот, односно рангирана е на шесто место според бројот на реални смртни случаи од ковид-19.
Албанија е на четвртото место, по Азербејџан, Босна и Херцеговина и Бугарија.
Податоците ги објави „Хелт дата“, американски институт за процена на здравјето, и според нивната методологија многу држави во светот не ги објавуваат вистинските бројки на починати.
По Албанија е Мексико со 478 смртни случаи на 100 илјади жители, следат Македонија со 482, Белорусија (472), Романија (465), Казахстан (459), Перу (447).
Додека официјалните извештаи говорат дека Македонија пријавила 237.1 починат на 100.000 жители, американскиот Институт регистрира двојно повеќе – 482.3 починати македонски граѓани на 100.000 жители.
Официјално до сега во Македонија од ковид-19 починале 5.280 лица. Американскиот институт, според нивниот модел, пресметал дека реално до септември годинава во нашата земја од заразата ќе починат дури 11.000 лица.
Според американскиот институт, реалната бројка на починати лица е двојно поголема од онаа која ја објавува Министерството за здравство.