Американски експерти предвидуваат дури 1.800 жртви во Македонија од ковид-19 до ноември
Најцрното сценарио е дека на 1 ноември официјалната бројка на починати ќе биде 1.805 лица, но само доколку продолжи олеснувањето на мерките и се укинат сите рестрикции како што се дистанцата, заштитните маски и групирањето.
Бројот на жртви и на заболени од коронавирусот ќе се зголемува и ќе има рапиден скок почнувајќи од септември доколку продолжи разлабаувањето на рерстриктивните мерки и ќе достигне до 1.800 починати пацинети.
Ова е едно од трите сценарија кое го подготвија експерите од Институтот за здравствени мерења и проценки од Универзитетот Вашингтон во Сиетл кое е објавено пред четири дена.
Истражувањето се темели исклучиво на досегашните бројки и рестриктивните мерки кои се на сила, а трите сценарија се проекции доколку продолжи олеснувањето, доколку останат на сила сегашните мерки и доколку повторно се воведат некои од рестриктивните мерки кои беа на сила.
Според сценариото кое се предвидува според тековните мерки и предвидува затегнување дури од 1 септември, заклучно со 1 ноември во Македонија би имало 1.629 жртви.
Најцрното сценарио е дека на 1 ноември официјалната бројка на починати ќе биде 1.805 лица, но само доколку продолжи олеснувањето на мерките и се укинат сите рестрикции како што се дистанцата, заштитните маски и групирањето.
Според третото сценарио на американските експерти, со повторно воведување на дел од рестрикциите и воведување на задолжително носење на маски на отворено бројките рапидно паѓаат, а црниот биланс е речиси тројно помал, односно до 1 ноември би имале 752 жртви.
Во најлошото сценарио односно укинување на сите мерки, бројката на смртни случаи дневно ќе почне да се зголемува од 1 септември и веќе во октомври би била 14 луѓе додека во ноември би била над 30.
За Србија процената е од 4.177 до 21.511 починати од коронавирус до 1 ноември, за Босна и Херцеговина од 518 до 3.317, а за Албанија од 162 до 777.