🎥 АМЕРИКАНЦИТЕ БЛОКИРАА ТРЕТ ТАНКЕР БЛИЗУ ВЕНЕЦУЕЛА Се тврди дека е под меѓународни санкции

Претседателот на САД, Доналд Трамп минатата недела објави блокада на сите санкционирани танкери за нафта што патуваат кон или ја напуштаат Венецуела.

170

Соединетите Американски Држави денеска пресретнаа уште еден танкер во меѓународни води во близина на брегот на Венецуела. Тоа е втора ваква операција за време на овој викенд, односно трета за помалку од една недела.

Според неименувани извори, пресретнатиот танкер бил под меѓународни санкции.






Претседателот на САД, Доналд Трамп минатата недела објави блокада на сите санкционирани танкери за нафта што патуваат кон или ја напуштаат Венецуела.

Како дел од кампањата на Трамп за притисок врз венецуелскиот претседател Николас Мадуро, САД го зголемија своето воено присуство во регионот и нападнаа над 20 бродови во Тихиот Океан и во Карипското Море, во близина на брегот на Венецуела, при што загинаа над 100 луѓе.

Кампањата, како што тврди Вашингтон, е насочена кон бродовите што шверцуваат дрога. Трамп изминатите недели повеќе пати се закануваше дека ќе нареди напад врз Венецуела, со цел да се пресретнат пакетите со дрога што се транспортираат по копнен пат.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, пак, тврди дека целта на американската кампањата против наркокартелите е смена на режимот во Каракас и одземање на венецуелските нафтени полиња.

Поврзани содржини