Американци прават коронавирус забави: Кој прв ќе се зарази со ковид-19 добива награда

418

Студентите од Тускалоса во Алабама, кај кои е дијагностициран ковид-19, присуствувале на забави во градот и околината како дел од вознемирувачко натпреварување, за да се види кој може прв да се зарази со вирусот, изјавил во средата член на Градскиот совет за „Еј-би-си њуз“.

Градската пратеничка на Тускалоса, Соња МекКинстри, рекла дека студентите организираат „ковид забави” како игра за намерно да си ја пренесат едни на други заразата од која починале повеќе од 127.000 луѓе во САД. Таа рекла дека неодамна дознала за таквото однесување и го известила градското собрание за забавите кои се случуваат во градот.






МекКинстри рекла дека организаторите на забавите намерно повикуваат гости кои имаат ковид-19.

– Ставиле пари во лонец и се обидувале да се заразат со коронавирус. Кој прв се зарази, ги добива парите. Нема смисла. Тоа го прават намерно – рекла МекКинстри.

Шефот на пожарната служба на Тускалоса, Ренди Смит, во вторникот во Градскиот совет рекол дека го потврдил невнимателното однесување на учениците.

Во обраќањето до Градското собрание, Смит изразил загриженост што во последните недели ширум градот и околината на округот Тускалоса се одржуваат забави, „на кои студенти или деца доаѓале заразени“.

– На почетокот мислевме дека станува збор за гласини. Направивме истражување. Не само што лекарските ординации го потврдуваат тоа, туку и сојузната држава потврдила дека има исти информации – рекол Смит пред Советот.

Поврзани содржини