АМЕРИКА ИСПРАЌА И ТРЕТ НОСАЧ НА АВИОНИ КОН ИРАН Ударната група бродови околу носачот „Џорџ В. Буш“ ја заврши обуката

Разурнувачот „Рос“веќе исплови од Норфолк, додека разурнувачите „Доналд Кук“ и „Масон“ ја напуштија Флорида оваа недела за да се приклучат на операцијата „Епски бес“ против Иран.

89

Американскиот носач на авиони „Џорџ В. Буш“ ќе биде доделен во зоната на одговорност на Централната команда на САД (CENTCOM), која ги води операциите против Иран, дознава Си-Би-Ес Њус.

Ударната група околу тој носач ја заврши обуката претходно овој месец, што ја потврдува подготвеноста за учество во големи борбени операции.






Според американските претставници, носачот потенцијално би можел да биде вклучен во операции против Иран.

Преговорите меѓу Вашингтон и Техеран сè уште се во рана фаза.

Разурнувачот „Рос“веќе исплови од Норфолк, додека разурнувачите „Доналд Кук“ и „Масон“ ја напуштија Флорида оваа недела за да се приклучат на операцијата „Епски бес“ против Иран.

Ударната група на носачот „Џорџ В. Буш“ последен пат беше распоредена во 2022 година, а се врати во Норфолк во август 2023 година.

Две ударни групи на носачи на авиони предводени од „Џералд Р. Форд“ и „Абрахам Линколн“ веќе се распоредени во регионот, но „Форд“ неодамна претрпе пожар и беше испратен во заливот Суда, Крит, на поправки.

Носачот „Џералд Р. Форд“ е распореден од јуни минатата година, а пред да пристигне на Блискиот Исток, учествуваше во операции на Карибите.

Поврзани содржини