Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија во време од 8:30 до 13 часот ќе останат корисниците од село Горно Соње кон крстот во општина Сопиште, соопштија од РЦУК Скопје.
Од РЦУК Скопје информираат дека заради изведување на вододоводен приклучок ф 80 мм на ул. Тетовска бр. 40 во Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Тетовска, Стив Наумов, Славе Георгиевски – Шнајдерот и амбулантата на МВР во општина Центар.
Прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 9 часот, па се до завршување на работите, велат од РЦУК Скопје.