📽️ АМАТЕР ГО ШОКИРАШЕ ТЕНИСКИОТ СВЕТ Џордан Смит победи ѕвезди како Синер и Алкарас и стана милионер

Егзибицискиот турнир со еден поен по меч донесе сензационална победа и рекордна награда.

273

Неверојатно изненадување се случи во Сиднеј, каде што аматерот Џордан Смит освои дури еден милион австралиски долари и нов автомобил, триумфирајќи на егзибицискиот тениски турнир „One Point Slam“, кој традиционално се игра во пресрет на Австралија опен.

Смит до победата стигна на начин каков што ретко се гледа во светот на тенисот – со вкупно само шест освоени поени. Причината лежи во уникатниот и речиси бизарен формат на турнирот, каде што секој натпревар се решава со еден единствен поен. Нема сетови, нема гемови и нема простор за грешка – еден лош удар значи елиминација.






Турнирот ги спојува професионалните тенисери со аматери, а за да се намали разликата во квалитет, професионалците имаат право на само еден сервис, додека аматерите можат да сервираат двапати. Токму ваквиот формат го претвори „One Point Slam“ во вистинска спортска лотарија.

Во конкуренција од 48 учесници, на ист терен настапија некои од најголемите светски тениски ѕвезди – Карлос Алкарас, Јаник Синер, Александар Зверев, Данил Медведев, Андреј Рубљов, како и Ига Швјонтек, Коко Гоф, Марија Сакари, Џејсмин Паолини и Аманда Анисимова – заедно со аматери, локални играчи и јавни личности од Австралија.

Смит ја започна својата неверојатна приказна со сензационална победа над двократниот освојувач на Австралија опен, Јаник Синер, кој направи сервис-грешка и ја погоди мрежата – без право на втор обид. Потоа следуваше уште еден шок, откако аматерот ја елиминираше и Аманда Анисимова.

 

Во финалето, Смит се соочи со Џоана Гарланд, која претходно ги „нокаутираше“ Александар Зверев, Ник Киргиос, Марија Сакари и Дона Векиќ. И покрај серијата големи победи на Гарланд, решавачкиот поен му припадна на Смит, кој со вкупно само шест освоени поени го освои турнирот.

Еднодневниот спектакл беше преполн со изненадувања – Ига Свјонтек го елиминираше Флавио Коболи, публиката со смеа реагираше на незгодите на професионалците, а Тејлор Фриц низ шега изјави дека настанот изгледал како „чиста забава“.

По победата, Смит изјави дека наградата ѝ го променила животот токму пред почетокот на главната ждрепка на Австралија опен, додавајќи дека размислува дали парите да ги вложи во купување куќа или во долгорочни инвестиции.

Поврзани содржини