АЛЖИР ИЗБРКА 12 ФРАНЦУСКИ ДИПЛОМАТИ На што се должи овој драстичен потег?
Министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ноел Баро, нагласи дека Франција ќе одговори „веднаш“ доколку протерувањата продолжат.
Алжир им нареди на 12 вработени во француската амбасада да ја напуштат земјата во рок од 48 часа, потврди министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ноел Баро, за весникот Фигаро.
– Оваа одлука, како што се смета, е одговор на апсењето на тројца алжирски државјани, осомничени за тешки кривични дела на француска територија – изјави Баро.
Тој ја оцени мерката како „неоправдана“, информира телевизијата БФМ-ТВ,
– Одлучивме заедно со алжирската влада да ја обновиме линијата на дијалог во служба на нашите 2 земји. Ги повикувам алжирските власти да се откажат од овие мерки за протерување, кои немаат никаква врска со тековната правна постапка – додаде министерот.
Баро нагласи дека Франција ќе одговори „веднаш“ доколку протерувањата продолжат.