Алтернатива со нови мерки за ублажување на пандемиската криза до владата
Мерките кои ги предлага Алтернатива имаат за цел создавање на олеснителни околности, стимулација на стопанството и ублажување на буџетскиот дефицит
Алтернатива во континуитет ја следи состојбата предизвикана од пандемијата предизвикана од вирусот ковид-19 и со целиот свој капацитет и ресурси е ангажирана во изнаоѓање на начини со кои што може да се ублажи здравствената и особено економската криза. Во оваа прилика пред пошироката јавност ќе претставиме низа мерки, додека преку нашиот министер тие ќе бидат доставени и до владата, соопшти Алтернатива.
Мерките кои ги предлага Алтернатива имаат за цел создавање на олеснителни околности, стимулација на стопанството и ублажување на буџетскиот дефицит. Тие се:
– Еднократна помош од 12.000 денари за секој полнолетен граѓанин од зрела возраст, кој не е вработен, не е корисник на пензија и кој не е опфатен со некоја од досегашните мерки на владата. (според пописот на населението во 2002 година и наведените критериуми, оваа помош можат да ја искористат околу 861.242 државјани X 12.000 ден = 10.334.904.000 ден или 168.047.219 €; точниот број треба да се утврди).
– Да се ослободат од данок на добивка (за донираната вредност на крајот на годината од биланс на успех – добивка за донирана вредност) деловните субјекти и поединците кои донираат во фондовите за справување со пандемијата и со последиците на кризата предизвикана од пандемијата.
– Банките и институциите кои вршат услуги од системот за плаќање да се откажат од плаќање на банкарски провизии во трансакции за донации и тоа додека траат мерките за справување со пандемијата и со последиците на кризата предизвикана од пандемијата.
– Стимулација на компаниите кои имаат обврски за плаќање на данок на добивка за деловната година 2019, со мерка за намалување на обврската за 25% ако уплатата се врши не подоцна од 30 мај 2020.
– Креирање на посебен фонд „Економска преродба” кој ќе треба да се полни од заемите кои ќе ги земе владата и од распределбата од буџетските средства од скратување на непотребните расходи од буџетските ставки. Овој фонд би се искористил за давање на долгорочни кредити и лимитирано дозволени средства за прометот на средства во мали и средни претпријатија, индивидуални бизнисмени, регистрирани земјоделци и земјоделски задруги. Каматата на овие заеми да не биде повисока од 4%, со цел нивно оспособување за отпочнување на деловниот капацитет по кризата.
– За деловните субјекти кои претходно имаат договор со УЈП, различни државни тела, јавни претпријатија, тела од локаната самоуправа и т.н., за подмирување на обврски на рати и кои не стигнуваат навремено да ги подмират, да не се постапи со клаузулата на откажување на договорот поради неисполнување на обврската од едната странка, до 60 дена по престанокот на вонредните мерки. Во меѓувреме, доколку деловните субјекти се во можност преостанатите обврски, кои се предмет на овие договори, да ги подмират во целост до 30 мај 2020, да се намали вредноста на обврската до 25%.
– Сите предложени мерки , превземени и сугерирани од Владата за обврските за кредити, да важат и за обврските на бизнисмените и поединците и за инструментот на ЛИЗИНГ.
– Рокот на важноста на банкарските гаранции, осигурувањата на хипотеките за кредити и осигурувањата на средствата земени преку лизинг, да се одложи за толку време колку ќе бидат во сила вонредните мерки или рокот на нивната важност да се додаде плус 3 месеци од времето на нивното истекување.
– Да се одложат роковите на плаќање на сите обврски кон концесионерите (само малите и средните претпријатија) кои се корисници на концесии за минерални ресурси, кога коцеденти се државни тела, Влада и тела од локална самоуправа, кои стигнуваат на плаќање до 30 јуни 2020, тие обврски да се одложат со платен рок до 30 декември 2020. Во меѓувреме, тие концесионери кои имаат волја ги извршат тие обврски во предвидените рокови без одлагање, вредноста на нивните обврски да се намали за 25%.
– Да се одложат роковите за плаќање на сите обврски на концесионерите (само малите и средните претпријатија) корисници на концесии за туристички ресурси (термални води, лековити бањи, плажи) кога коцеденти се државни тела, Влада и тела од локална самоуправа, кои стигнуваат на плаќање до 30 јуни 2020, тие обврски да се намалат за 30% и да се одложат за плаќање до 30 декември 2020. Во меѓувреме, тие концесионери кои имаат волја ги извршат тие обврски во предвидените рокови без одлагање, вредноста на нивните обврски да се намали за 50%.
– Делумно покривање (40%) на остварените трошоци (докажани со реализирани плаќања на фактури, договори, итн.) од мали и средни претпријатија како резултат на предвидено и организирано учество во меѓународни саеми или некои други меѓународни активности, кои организаторот ги откажал поради заштитните мерки од датумот на прогласување на пандемијата од страна на СЗО.
– Делумно покривање (40%) на остварените трошоци (докажани со реализирани плаќања на фактури, договори, и т.н.) од мали и средни претпријатија како резултат на предвидено и организирано учество во меѓународни саеми или некои други меѓународни активности, кои организаторот ги откажал поради заштитните мерки од датумот на прогласување на пандемијата од страна на СЗО.
– Целосни плати за здравствениот и техничкиот персонал кои работат во приватниот здравствен сектор и кои резултирале позитивни со ковид-19, да се покријат од буџетот на РСМ.
– Пренамена на финансиските средства од сите министерства наменети за целосно или делумно финансирање на сите активности и манифестации од нивниот опсег, кои биле предвидени да се организираат и реализираат од 15 март 2020 до 15 јуни 2020, а кои поради вонредните мерки не биле во можност да се реализираат.
– Бидејќи ЕВН се оправдува дека технички не може да се реализира целодневна ниска тарифа за електрична енергија, тогаш предлагаме да се намали цената на електричната енергија за 20% за април и мај месец 2020.
– Еднократна помош за сите постари лица над 65 години во вредност од 1500 денари, што би им помогнало во покривање на зголемените трошоци (дополнителни трошоци, такси и други услуги), снабдување со лекови и храна, сето ова поради специфичните потреби што ги имаат луѓето од таа возраст. (215.000 државјани X 1500 ден. = 322.500.000 ден. или 5.234.902 €).
– Подмирување на обврската на плаќање за детски градинки за месец април и мај 2020. (35.500 деца X 1200 ден. (просечно) = 42.600.000 ден. X 2 месеци = 85.200.000 ден. или 1.385.365 €).
– Субвенции од Владата до 40% од вредноста за изнајмувањето на деловните простори за месец април и мај 2020 во случај кога издавачите се физички лица или приватни претпријатија и на нив да им се сугерира на изнајмувачите наплатата да им се минусира во рати до 31 декември 2020 (висината на киријата се поставува од последните пријавни листи поднесени во УЈП).
– Покривање на пост-смртни трошоци на семејствата на жртвите од ковид-19 во вредност од 30.000 ден. (до денес 65 случаи x 30.000 ден. = 1.950.000 ден. или 31.700 €).
– Стимулација за користење на домашни производи. Бараме од Владата да започне промотивна кампања за купување и користење на производи, кои се произведени од домашните компании. Стимулацијата на купувањето на домашните производи, освен промотивните пропаганди, да се реализира и преку проектот повраток на ДДВ, која се имплементира од Владата, но повратокот на ДДВ во овој случај да важи само за купени домашни производи. Ова би довело до зголемување на потрошувачката на домашните производи и би влијаело позитивно кај домашните производители за да ги зголемат нивните капацитети на производство.
– Владата да изврши притисок врз банките, кои за пролонгираните рати на кредити да се откажат 50% од нивната камата.
– Претпријатијата кои не можат да развијат деловни активности или кои функционираат со многу потешкотии, да се ослободат делумно или целосно од нивните даночни обврски за месец мај, јуни и јули, односно од плаќањето на данок на добивка, данок на приходи и придонеси.
– Да се одложи плаќањето на ДДВ до плаќањето на пуштените фактури.
– Вклучување на државата, преку агро-берзата, во купување на целиот вишок на пазарот на раните земјоделски производи, вклучувајќи го и вишокот од произведеното млеко од фармерите, со цел на понатамошен нивен пласман помеѓу домашните потрошувачи (државни институции, мензи на претпријатијата, хотели адаптирани за карантин итн.), како и преку понудите во странство, и тоа како начин на плаќање во форма на компензација или пак донација.