Алтернатива: Општина Тетово реализира милионски бизниси со антиевропски лица

430

Деновиве во јавноста се појавија информации дека Општина Тетово, управувана од ДУИ и СДСМ, само еден ден по изборот на новата влада (на 31 август 2020 година) го измени Деталниот урбанистички план (ДУП), овозможувајќи изградба од која се очекува профит не помалку од 200 милиони евра, рече на прес конференција Хисни Исмаили од Алтернатива.

– Знаејќи дека сопственикот на таа локација е позната личност по антиевропските и антиатлантските агенди, се поставува прашањето дали тој бил кум на формирањето на оваа влада и дали тоа е цената што ги обедини тие кои за време на предизборната кампања се навредуваа едни со други?  Теута Арифи мора да одговори кој е најголемиот добитник на овој бизнис и кому му служи овој бизнис? Таа и нејзиниот персонал мора да ѝ одговорат на јавноста за каква цена е направена оваа измена, кои се вистинските добитници и зошто Општина Тетово реализира ваква соработка со лицата кои се финансиери на антиевропските и антиатлантските агенди? Дали овие средства ќе бидат потрошени на такви агенди и ако е така, што ја поврзува оваа влада и оваа управа на Општина Тетово со овие агенди – праша Исмаили.






Според Алтернатива,  владеењето на биномот СДСМ-ДУИ е длабоко вклучен во криминал и корупција и работи тајно или јавно за агенди што се спротивни на албанските и државните стратешки интереси.

 

Поврзани содржини