Ало фолиранти, уште глумите „домаќини“?

Ниското ниво на јавни трошоци за најлегитимната цел што може да се замисли - за грижа за здравјето на граѓаните - не е знак за „домаќинско“ работење, туку доказ за јавашлукот и за недоволната посветеност на една неодговорна и високо корумпурана власт.

10,841

Тезата дека владата „домаќински“ работела и потрошила помалку од 8 милиони евра за справување со ковид-кризата, во периодот пред аплицирањето за помош од Солидарниот фонд на за справување со ковид-кризата, та затоа не сме се ги исполнувале критериумите, е уште едно безобразно манипулирање на јавноста.

Ало фолиранти, вие не сте за фалење, туку сте за најостра осуда од овој напатен народ!

Ниското ниво на јавни трошоци за најлегитимната цел што може да се замисли – за грижа за здравјето на граѓаните – не е знак за „домаќинско“ работење, туку доказ за јавашлукот и за недоволната посветеност на една неодговорна и високо корумпурана власт.

Во истиот период на божем „домаќинско“ работење, се изарчија милиони евра за непродуктивни трошоци. Фолирантите сериозно мислат дека тоа е заборавено и простено?

А тоа што некој не трошел народни пари за да купи повеќе тестови, повеќе лекови, поврќе хируршки маски и други нешта, тоа што не се отвориле повеќе ковид-центри и што не се прошириле постоечките, тоа што целосно беше заборавена и потценета примарната здравствена заштита, сето тоа заедно се одрази на нискиот степен на рана хоспитализација на пациентите, на недоволната медицинска заштита на лесните и на средно тешките случаи (а тие се клуч за успешно справување со кризата), на слепото држење до протоколите донесени во времето кога бројките на новозаразени беа двоцифрени…

Сите сега ги чувствуваме последиците од тоа „нетрошење“ и „домаќинско работење“ – бројките на заразени и починати, со кои сè уште сме рекордери во регионот, јасно говорат што и како сработеа фолирантите во оваа кобна година.

Ете затоа за Македонија сега нема помош од Солидарниот фонд на ЕУ. Заслужено!

Поврзани содржини