АЛКОХОЛ И ВОЗЕЊЕ БЕЗ ДОЗВОЛА Во еден ден приведени четворица возачи
Полицијата санкционираше возачи низ државата, дел од нив биле пијани, дел без дозвола.
Четворица возачи биле приведени вчера низ државата поради тешки сообраќајни прекршоци, додека со еден малолетник е извршен службен разговор откако бил фатен зад волан без возачка дозвола, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, двајца од приведените возеле под дејство на алкохол, еден управувал возило иако имал активна забрана за возење од Б категорија, а четвртиот бил фатен без воопшто да има возачка дозвола.
Во Кавадарци бил откриен возач без дозвола, додека во Струга полицијата запрела малолетник кој исто така управувал возило без да има законско право за тоа. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица.
Во Велес, пак, бил приведен возач кој седнал зад волан иако имал изречена забрана за управување моторно возило од Б категорија.
Двајца возачи, во општина Старо Нагоричане и во Гевгелија, биле фатени како возат под дејство на алкохол. Во гевгелискиот случај, алкохолизираниот возач предизвикал и сообраќајна незгода.
Од МВР најавуваат дека по целосното документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни кривични пријави.
Полицијата апелира учесниците во сообраќајот строго да ги почитуваат правилата и да не управуваат возило без возачка дозвола, со изречена забрана или под дејство на алкохол.