АЛКАРАЗ НЕПРЕДВИДЛИВ, СИНЕР E РОБОТ Фонсека откри што е различно за двајцата шампиони
Бразилецот Фонсека по дуелите со тениските асови Јаник Синер и Карлос Алкараз направи јасна разлика меѓу нивните стилови. Тој оцени дека Италијанецот е совршен и прецизен, додека Шпанецот е непредвидлив и комплетен играч.
Младиот бразилски тенисер Жоао Фонсека доби директна лекција од врвот на светот. Во краток период се соочи со Јаник Синер и Карлос Алкараз. Искуството му донесе јасна слика. Двајца шампиони, но со сосема различни стилови.
Робот против уметник
Фонсека отворено ја направи разликата.
– Мислам дека Алкараз има повеќе оружја од Синер. Синер е повеќе како робот кој ја удира топката и прави сè совршено – рече тој.
Алкараз со цел арсенал
Според него, Шпанецот е далеку понепредвидлив.
– Карлос може да направи сè. Може да игра со вртење, да забрза, оди до мрежата. Има сè. Многу е потешко да се прочита неговата игра – изјави Фонсека.
Две различни битки
Бразилоецот против Синер одигра тесен меч. Одлучуваа тајбреци. Против Алкараз, приказната била поинаква. Рано загубен сервис, без враќање назад.
Фонсека призна дека мечот со Синер му помогнал.
– Тој е број еден во светот, но морам да ги анализирам моите грешки и да се подобрам – додаде Бразилецот.
Респект од шампионот
Алкараз возврати со пофалби кон Фонсека.
– Се чини дека може да погоди од каде било. Тоа е импресивно – рече Шпанецот.