📽️ АЛКАРАЗ, ИЗВИНИ ШТО ТЕ НАРЕКОВ ЈАНИК, РЕЧЕ САБАЛЕНКА Белорусинката направи лапсус, Шпанецот ѝ прости

Карлос, човеку, многу ми е жал, изјави Сабаленка, на што Алкараз на шега ѝ возврати дека е девет часот е наутро и дека не е важно што направила лапсус. Сабаленка му возврати велејќи дека ова е најголемиот срам во нејзиниот живот.

671

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка по грешка го нарече шпанскиот ас Карлос Алкараз по името на неговиот ривал, Јаник Синер, што предизвика смеа и мала глума на излегување од емисијата, јави Би-Би-Си.

– Патем, правев ТикТок видео со Јан… – изусти таа во заедничкото гостување со Алкара на „The Today Show“, но веднаш сфати дека направила лапсус.

 






Алкараз, кој во финалето токму го победи Италијанецот Јаник Синер, изреагира весело преправајќи се дека станува и ја напушта емисијата. Сабаленка се исправи со рака на неговото рамо и се извини:

– Карлос, човеку, многу ми е жал – рече таа.

Тенисерот на шега ѝ возврати:

– Девет часот е наутро, не е важно.

Сепак, белоруската тенисерка продолжи со театрална реакција:

– Ова е најголемиот срам во мојот живот.

Сцената доби големо внимание на социјалните мрежи, а фановите беа воодушевени од спонтаноста и хуморот на двајцата шампиони.

Поврзани содржини