АЛКАРАЗ ГО ОСВОИ ПЕТТИОТ МАСТЕРС ВО КАРИЕРАТА Вторпат го победи Медведев во Индијан Велс

Алкараз е првиот тенисер кој ја одбрани титулата во Индијан Велс по Новак Ѓоковиќ во 2016 година.

206

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз втора година по ред го освои Мастерсот во Индијан Велс, САД кога доцна синоќа во финалето го победи Русинот Данил Медведев со 2:0, по сетови 7:6 и 6:1.

Шпанецот ја освои 13-тата титула во кариерата (вкупен биланс во финалето 13:4) и петтиот Мастерс (биланс во финалето – 5:1).






Алкараз е првиот тенисер кој ја одбрани титулата во Индијан Велс по Новак Ѓоковиќ во 2016 година.

Вториот светски рекет вторпат по ред го совлада Медведев на турнирот во Индијан Велс.

Поврзани содржини