АЛКАРАЗ ГО ОДБРАНИ „РОЛАН ГАРОС“ Се играше најдолгото финале на турнирот во историјата

271

Шпанецот Карлос Алкараз ја освои својата втора титула на „Ролан Гарос“ и тоа по ред, откако денеска во маратонското спектакуларно финале го победи Јаник Синер за 5 часа и 29 минути игра со 4:6, 6:7(4), 6:4, 7:6(3), 7:6(10-2).

Алкараз стана 15-тиот играч во Опен ерата со пет титули на Гренд слем турнирите и четвртиот во 21 век, по Новак Ѓоковиќ (24), Рафаел Надал (22) и Роџер Федерер (20). Претходно ги освои Отвореното првенство на САД во 2022 година, Вимблдон (2023, 2024) и Ролан Гарос (2024).






22-годишниот Шпанец стана третиот најмлад играч со пет титули од Гренд слем турнирите, по Бјорн Борг и Рафаел Надал. Алкараз е исто така првиот играч роден во 21 век кој освоил 20 титули на главните турнири.

Ова е 22-ра победа на Алкараз на земјена подлога оваа година, а единствениот пораз му е во финалето во Барселона.

Интересно е и тоа што ова беше најдолгото финале во историјата на турнирот. Претходниот рекорд беше поставен во 1982 година, кога финалето пмеѓу Матс Виландер и Гилермо Вилас траеше 4 часа и 42 минути.

Поврзани содржини