АЛИУ НАЈАВИ 300 НОВИ СЛОБОДНИ МЕСТА ЗА ПРИВАТНИТЕ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ Крај на уписите со врски, ќе се бара кадар по потреба

Министерот за здравство, Азир Алиу, изјави дека болницата во Куманово нема да остане без хируршки интервенции, посочувајќи дека недостигот на кадар е проблем што ја засега целата држава, вклучително и Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Според него, досегашните политики во здравството се темелеле на лични и пријателски релации, наместо на реалните потреби на системот, но сега се прават реорганизации и мобилност на кадарот помеѓу клиниките.

300

Набргу ќе бидат отворени нови 300 слободни места за кадри од редот на приватните специјализанти, најави денеска министерот за здравство, Азир Алиу, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата во Министерството за здравство.

– Болницата во Куманово нема да остане без операции, тој предизвик не е само за таа болница, туку и за цела Македонија, но и внатре во Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза”. И тука, од една во друга клиника, во овој кампус, исто така, правиме таков тип на хоризонтална мобилност на профилите. Тоа се случува бидејќи досега, за жал, креираните политики во здравството биле само врз основа на семејни или на другарски односи, а не врз основа на реални потреби што Министерството ги има за стручен кадар – рече тој.






Тој рече дека набргу ќе се отворат нови места според потребите.

– Ние набргу ќе отвориме уште 300 слободни места за специјализанти, во профили од кои навистина имаме потреба. Немаме радиолози во државата, па затоа и таму се случува пациенти да чекаат со денови за резултати за читање на слики. Тристотини веќе беа објавени и се завршени, а 300 ќе се објават од наредната недела – додаде Алиу.

Тој истакна оти е важно профилот да биде компатибилен со потребите на здравствениот систем.

– Ќе инсистираме на тоа – истакна министерот Алиу.

ОТВОРЕН Е „ОТВОРЕНИОТ КАБИНЕТ“ ЗА ДИРЕКТНИ СРЕДБИ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО Голем интерес за иницијативата на Алиу, првите 15 средби се веќе закажани

Поврзани содржини