АЛИУ И ХОЏА ПРЕДЛОЖЕНИ ЗА НОВИ ФУНКЦИИ Во понеделник ќе се расправа за составот на владата
Владата предлага Азир Алиу да биде нов министер за здравство, додека Албрим Хоџа е предложен за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Собранието на Македонија на 54-та седница закажана за понеделник во 11 часот ќе расправа за новите кадровски предлози од Владата, со кои треба да се пополнат две клучни позиции во извршната власт.
Владата предлага Азир Алиу да биде нов министер за здравство, додека Албрим Хоџа е предложен за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Алиу доаѓа од редовите на Алијансата за Албанците, партија која остана дел од коалицијата Вреди, и е поранешен министер за информатичко општество и администрација. Неговата кандидатура доаѓа по оставката на Арбен Таравари, кој на 15 мај објави дека се повлекува од Владата и преминува во опозиција.
Со изгласување на предлозите, Собранието ќе ја комплетира празнината во ресорите на здравството и земјоделството.