АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ Заев се обидува да ги одложи оставките по локалните избори
Шефот на Владата најави нешто уште поскандалозно – мешање во истрагата на Обвинителството. Тој нема право да утврдува, да контактира или да биде информиран од истражителите пред јавноста. Го повикуваме денеска да свика седница на Владата, да ги проследи оставките до Собранието и тоа да ги утврди утре без одлагање - изјави Татеши.
Беким Татеши од Алијанса за Албанците реагира за најавата од премиерот Зоран Заев дека ќе ја чека истрагата, а потоа ќе одлучи за оставките по трагедијата од 8 септември, во која 14 луѓе го загубија животот во пожарот во ковид-центарот во Тетово.
– Неприфаќањето на оставките од премиерот Зоран Заев значи неприфаќање одговорност. Ова исто така зборува за немоќта на Владата во однос на трагедијата, непочитување на 14. жртви, нивните семејства и сите граѓани кои беа шокирани од овој случај. На изјавата на премиерот Заев гледаме како на обид за одложување на оставките до локалните избори. Шефот на Владата најави нешто уште поскандалозно – мешање во истрагата на Обвинителството. Тој нема право да утврдува, да контактира или да биде информиран од истражителите пред јавноста. Го повикуваме денеска да свика седница на Владата, да ги проследи оставките до Собранието и тоа да ги утврди утре без одлагање – изјави Татеши.
Од партијата велат дека „ова барање не значи политизирање на овој случај, како што се обидува да го нарече власта, туку тоа е барање на граѓаните и законска обврска“.
Министерот за здравство Венко Филипче, заменик-министерот Илир Хасани и двајцата директори на тетовската клиничка болница, Флорин Бесими и Артан Етеми, поднесоа оставки како морална одговорност до премиерот Заев.