АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ ГО ИСКЛУЧИ ДИРЕКТОРОТ НА ГЕРИЈАТРИЈА ОД ПАРТИЈАТА Владеењето со чисти раце не е само слоган, соопшти крилото на Таравари

Мухсин Арифи, претседател на Огранокот Сарај и директор на Геријатриската болница беше фатен дека прима поткуп за да смести пациент во установата.

212

Крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари донело одлука за итно исклучување од партијата на Мухсин Арифи, претседател на Огранокот Сарај и директор на Геријатриската болница откако беше фатен дека прима поткуп за да смести пациент во установата.

Од АА велат дека нема да толерираат никаква злоупотреба, прекршување на законот или на Етичкиот кодекс на партијата.






„Владеењето со чисти раце не е само слоган, туку морална и политичка обврска за секој член на АА, бидејќи довербата на граѓаните се стекнува и се одржува само со посветеност, чесност и интегритет“, соопштија од АА.

Основното јавно обвинителство за гонење на криминал започна истражна постапка против двете лица – откако беше уапсен директорот на болницата за геријатрија, кој барал и зел поткуп од 20.000 евра за да смести во болницата лице кое било болно и неподвижно. МВР поднесе кривична пријава против двајцата осомничени.

„На 08.04.2025 година жената-сведок се сретнала со второосомничениот, кој влегол во нејзиното возило и во име на директорот директно примил износ од 20.000 евра, по што на самото место бил фатен од страна на полициските службеници“, информира Обвинителството за заедничката акција со полицијата.

Според она што го објави ОЈО ГОК, Арифи во неколку наврати го барал поткупот од лицето кое потоа како сведок го пријавило во полиција. За добивање на поткупот од посредникот биле организирани две претходни средби. Арифи барал поткуп од 100.000 евра, а 20-те илјади што ги добил биле само „гаранција“.

Поврзани содржини