Алијанса за Албанците: ДУИ да ги тргне рацете од изборот на нов поглавар на ИВЗ
За партијата на Зијадин Села неприфатливо е и кога поранешниот поглавар на ИВЗ прифаќа да стане инструмент на ДУИ или на која било друга партија, за цели што не се поврзани со надлежностите на првиот човек на ИВЗ.
ДУИ, како што ја инструментализираше секоја друга административна институција, судството, но и образованието во државава, истото го има направено и со Исламската верска заедницa, за политички-партиски интереси, соопшти Алијансата за Албанците
– Наводите на поранешниот поглаварот на ИВЗ за инфилтрирање на функционери на ДУИ на изборот или на смената на раководителот на оваа институција, се уште еден доказ дека ДУИ континуирано ја минирало улогата и мисијата на ИВЗ, мешајќи се политички за да ги исполни своите партиски цели, кршејќи ги одредбите на самата ИВЗ, но и Уставот на РСМ со кој е гарантирано независното функционирање на оваа институција. Северна Македонија е секуларна држава и религијата е одделена од државата – велат од Алијансата.
За партијата на Зијадин Села неприфатливо е и кога поранешниот поглавар на ИВЗ прифаќа да стане инструмент на ДУИ или на која било друга партија, за цели што не се поврзани со надлежностите на првиот човек на ИВЗ.
– Овие непринципиелни постапки на поранешниот поглавар на ИВЗ, како и на ДУИ, со право ги принудија муслиманските верници да ја изгубат вербата во оваа институција, која требаше да биде независна и со целосен кредибилитет, служејќи им на исламските верници, но и на сите граѓани, за зачувување и негување на човечките вредности и афирмација на верата. Време е да се стави крај на манипулаците на ДУИ, која не бира ниту форма ниту начин да остане на власт, манипулирајќи и политизирајќи ја секоја институција, дури и Исламската верска заедница – велат од Алијансата.
Од партијата апелираат до сите функционери на ИВЗ, но и до муфтиите на градовите во земјава, за време на процесот на избор на новиот поглавар на ИВЗ да не дозволат мешање на ДУИ, но и на кој било друг политички субјект. Од Алијансата бараат да се обезбеди транспарентен и демократски процес при изборот на поглавар на ИВЗ, за да се врати достоинството на институцијата.