АЛИЈАНСА И АЛТЕРНАТИВА ВО БОГОВИЊЕ Тоа што го ветивме и го остваривме
Актуелениот градоначалник кој е и кандидат на овие избори рече дека во изминатите четири години се инвестирани над девет милиони евра во решавање на локалните проблеми и го подмирил долгот од два милиона евра што го наследил.
Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива синоќа на предизборен митинг во Боговиње го претстави кандидатот за градоначалник Албон Џемаили, кој е и актуелен градоначалник.
Џемаили, кој е и актуелен градоначалник, рече дека во изминатите четири години се инвестирани над девет милиони евра во решавање на локалните проблеми и го подмирил долгот од два милиона евра што го наследил.
– Имав некои аманети да ги исполнам. Ги исполнив за четири години. Работевме постојано за училиштата, рековме политиката да биде далеку од училиштата и тоа го правиме, инвестиравме во секое училиште. Работевме постојано и на проблемот со водата и носиме вода за пиење до секој дом – рече Џемаили.
Лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села рече дека ветувањата дадени на жителите на Боговиње ги оствариел.
– Оваа коалиција, заедно со пратениците што ги има, успеа да го донесе Законот за државјанство, рече Села.
Тој ја обвини владејачката ДУИ дека присвоила дел од постигнатото.
– Се обидоа да ги присвојат дури и оние добри дела кои ги направивме со толку моќ колку што имаме како опозицијата во Собранието – рече тој.
Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши ги повика учесниците на изборите да водат позитивна кампања.