АЛИЈАНСА И АЛТЕРНАТИВА БАРАAT ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПОПИСОТ Предлагаат плус 10 дена подолг попис

Собранието под итно да повика седница и да предвиди 10 додатни денови за пописот, што и беше предлог од парламентарната група на Алијанса и Алтернатива од јануари кога и се доведе законот за пописот, велат од Коалицијата Алијанса и Алтернаитва.

297

Коалицијата Алијанса и Алтернатива бара продолжување на пописот за нјамалку уште 10 денови, со образложение дека дел од граѓаните ќе останат непопишани бидејќи има само уште два дена до звршување на операцијата.

Од Алијанса и Алтернатива велат дека тие уште при донесувањето на одлуката за попис биле за плус 10 денови подолга операција






– Собранието под итно да повика седница и да предвиди 10 додатни денови за пописот, што и беше предлог од парламентарната група на Алијанса и Алтернатива од јануари кога и се доведе законот за пописот – велат оттаму.

Коалицијата тврди дека потребата од плус неколку дена за пописот,  се гледа и од реакциите на граѓаните.

– Ова е скандал, бидејќи законот обврзува да се посети секое домаќинство и да се попише секој граѓанин. За жал, ваквите мрачни сценарија кои што ние како албанска опозиција ги најавивме дека ќе се случат, стануваат реалност и сето тоа заблагодарувајќи му на постојаниот вазал во владата, а тоа е ДУИ. Пред 11 години го прекинаа пописот и не дадоа ниту едно објаснување за јавноста.  Сега го одложија пописот со цел за да манипулираат со процесот и тоа можеби на секого му оди во корист, но, само на Албанците не – велат од Коалицијата.

Оттаму додаваат дека се неважни видеата со кои се рекламираат лидерите на политичките партии како се попишуваат, кога во овој процес останаа непопишани обични граѓани.

– Заводот за статистика треба да работи 24 часа на ден, без прекин, ако тоа е потребно, со цел да не остане ниту еден граѓанин непопишан, а не да не им се дозволува на попишувачите да попишуваат  по 5-6 домаќинства на ден со образложение дека не работи серверот- оваа информација доаѓа од попишувачите – велат од Алијанса и Алтернатива.

Коалицијата ги повика граѓаните да ја искористат секоја можност за да се попишат дури и да ги посетат центрите што ги одредил заводот за статистика, иако, како што велат,  беше должност да се посети секое домаќинство за да се изврши пописот на населението.

Поврзани содржини