АЛИЈАНСА ГО СПАСУВА АЛИ АХМЕТИ Мутрезани повика да ја откријат причината, но да не го маскира тоа со наводна борба против корупција

Муртезани ги повика од Алијансата за Албанците јавно да кажат дали во позадина на одлуките се калкулации за обезбедување на двотретинско мнозинство за гласање на уставните измени.

605

Aко Алијансата за Албанците одлучила да го спасува Ахмети со одлуката за влез во Владата, не треба тоа да го маскира со наводен план за борба против корупцијата, вели Орхан Муртезани од Алтернатива, во изјава за ТВ Телма.

Муртезани ги повика од Алијансата за Албанците јавно да кажат дали во позадина на одлуките се калкулации за обезбедување на двотретинско мнозинство за гласање на уставните измени.






– Ако Алијанса одлучила да го спаси Али Ахмети и со тоа да се преточи во ДУИ тоа е нивно право, но не е добро тоа да се маскира со наводна борба против корупција и интеграција на земјата во ЕУ. Апел до нив: кога ќе одлучуваат за влез во Владата, нека одлучат и за поддршка на амндманот на Алтернатива против застарување на политичката корупција и со тоа на дело ќе покажат дека имаат капацитет да се борат против корупцијата. Тие што заговараат приклучување на Алијанса во Владата би било добро да објаснат дали ова е план за постигнувањето бројка од 80 пратеници за уставните измени или ова може да донесе до намалување на коалицискиот потенцијал на патот кон ЕУ – вели Муртезани.

Поврзани содржини