Алијанса бара оставка од заменикот во МВР за дрогата во Крушево, Буши нема да понесе одговорност за роднина

Не можам да бидам одговорен за никој друг, она за што сме обврзани се нашите деца. Преземањето правни мерки против некој што има семејна врска со носители на јавни функции само докажува дека правдата функционира и пред правдата сите ќе се појават - вели Буши.

637

 

По големата акција во Арачиново, пред неколку дена го имавме најфлагрантниот случај на заплена на поголемо количество на дрога и тоа над 100 килограми наркотици запленети кај роднина на заменик министерот на МВР, Назим Буши, обвини Алијанса за Албанци Алтернатива преку  заедничкото сопштение и го повикуваат тојда поднесе оставка. Буши во изјава за Алсат негира одговорност и смета дека тоа што еден од членовите на неговото семејство е осомничен за дрога е индивидуална одговорност на осомничениот.

Според Алијанса и Алтернатива, полициските акции се случуваат пред најавата за предлог – закон за легализација на наркотици најавена премиерот Зоран Заев.

– Од МВР до денеска немаме подетални информации во врска со овие акции и кој сѐ е одговорен, но последниот случај со запленети наркотици кај роднината на заменик министерот Буши, нѐ наведува на мислењето дека во овие случаи во трговија со наркотици се вклучени експоненти од власта – велат од двете партии и бараат оставка од заменик министерот на МВР.

Според партиите, оставката треба да биде дадена од морална причина, но и бидејќи Буши може да влијае во разјаснување на случајот за време на истрагата, но и врз судењето за такво кривично дело.

Буши во изјава за Алсат вели дека  тоа што негов роднина е осомничен во полициската акција за откривање на дрога во Крушево е индивидуална одговорност на осомничениот. Тој вели дека не го искористил својот авторитет и нема да го искористи за да влијае на истрагата.

– Одговорноста е индивидуална и секој од нас има индивидуална одговорност и мора да одговaра. Не можам да бидам одговорен за никој друг, она за што сме обврзани се нашите деца. Преземањето правни мерки против некој што има семејна врска со носители на јавни функции само докажува дека правдата функционира и пред правдата сите ќе се појават – вели Буши.

Тој бара од власта да го испитаат и неговото лично обезбедување со иницијали С.С., кој е брат на прво- осомничениот во полициската акција, Тасим Садики.

– Дури и за момчето кое е мое лично обезбедување, сите мерки ќе бидат преземени ако биде вмешан, но засега нема такво нешто. Ако нешто излезе, тој исто така ќе сноси лична одговорност – дециден е  Буши.

 

Поврзани содржини