АЛИЈАНСА БАРА ДА СЕ ОТСТРАНАТ „ИМПУТИРАНИТЕ“ Преполовената бројка Албанци во Кичево го загрозува правото на употреба на националното знаме

1,484

Алијансата на Албанците реагира на резултатите од Пописот и апелира под итно да се отстранат „импутираните“ 132.000 лица, бидејќи тие не биле попишани на терен, им недостигаат етничката припадност, куќите или становите каде што живеат, професијата, нивото на образование, работното место и многу други податоци.

Партијата нагласува дека опфаќањето на лицата без етничка припадност од една страна и необјавувањето на живеалиштето на лицата од дијаспората, имаат негативно влијание во прикажувањето на реалниот процент на етничките заедници во земјата и со тоа се ставаат во опасност колективните права коишто ги уживавме до сега.

 

„Конкретно, процентот на Албанците во Кичево опадна под 50 отсто и со тоа се загрозува правото на употребата на националното знаме. Резултатите на пописот се изманипулирани и ова го потврдува еден неспорен факт за којшто надлежните ќе треба да дадат објаснување. Од објавените резултати имаме околу 400.000 лица до 18 годишна возраст, додека на гласачките листи од истата година, 2021, имаме 1.8 милиони гласачи. Ако направиме збир на гласачите и лицата под 18 години ќе добиеме резултат најмалку 2 милиони и 200 илјади жители, додека од пописот се објави дека резидентното население и нерезидентното вкупно се 2 милиони и 90.000. Само според официјалните податоци, недостигаат најмалку 100.000 жители“, велат од АА.

Партијата додава дека Законот за попис на населението предвидува граѓаните да се попишат според местото каде што живеат, а не според адресата во матичните книги, додека вкрстувањето на податоците се прави само за лицата коишто се попишале на терен и не може да се евидентираат лица коишто не се сретнати на терен.

„Бараме од Заводот за статистика под итно за нерезидентните лица да ги објави   општините кадешто живеат во земјата, каде тие поседуваат куќа или стан и секоја година се враќаат и придонесуваат за економијата на државата. Ако Државниот завод за статистика не ги коригира овие нерегуларности, ние ги потсетуваме дека кривично ќе одговараат според член 49 на Законот за попис со којшто за вакви манипулации се предвидува најмалку 5 години затвор“, порачаа од Алијансата на Албанците.

Поврзани содржини