Лидерот на ДУИ Али Ахмети е повикан од Специјалниот суд во Хаг. Информација за ТВ21 ја потврдил лично лидерот на ДУИ.
– Да вистина е. Бев поканет од Специјалниот суд и ќе одам – изјавил Ахмети.
Претходно, на покана од Специјалниот суд беше претседателот на Косово Хашим Тачи.
Од телевизијата велат дека засега нема информации во кое својство Ахмети е поканет од Специјалниот суд во Хаг и дали тоа има било каква врска со сослушувањето на Тачи.
Минатата недела во Судот во Хаг, беше повикан претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој три дена даваше исказ за неговата улога во војната на Косово.
Освен за претседателот на Косово Хашим Тачи, Специјалниот Суд во Хаг, покрена обвинение и за Кадри Весели, претседателот на ДПК, кој во време на воениот конфликт па се до 2008 ја вршеше функцијата директорот Инфорамативната служба на Косово. Освен овие лица, во списокот на обвинети на Специјалниот суд, според косовските медиуми се и други високи функционери на ОВК.