АЛИ АХМЕТИ СЕ ОГЛАСИ ОД МАЛА РЕЧИЦА Наш противник беше ВМРО-ДПМНЕ…
Ние како Европски Фронт од овој циклус излегуваме со 18 мандати - рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Наш противник беше ВМРО-ДПМНЕ која и помогна на коалицијата Вреди, но разликата е над 30.000 гласови, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети на денешната прес-конференција од седиштето на партијата во Мала Речица. Ахмети истакна дека коалицијата Европски фронт е втора сила во државата по денешните избори.
– Легитимитетот ни го дадоа граѓаните, мнозинството Албанци и малите заедници како Турците, Бошњаците и Ромите, на кои им се заблагодарувам. Ова е првиот чекор кон долгите етапи на Европски Фронт до полноправно членство во ЕУ. Ние како Европски Фронт од овој циклус излегуваме со 18 мандати – рече Ахмети.
Според Ахмети денес, повеќе од кога било, на државата и треба стабилност, мир, нула проблеми со соседите, владеење на правото, почеток на преговорите и отворање на меѓувладините состаноци за официјален почеток на членството во ЕУ.
– Остануваме силен фронт на мисионери до реализација на финалните цели за членство во ЕУ – рече Ахмети.
Според официјалните податоци на ДИК, ДУИ освои 18 мандати, додека коалицијата Вреди освои 13 мандати. Но сепак челниците на опозициската коалиција велат дека од утре почнуваат преговори за влез во владата со ВМРО-ДПМНЕ.