АЛФА МАЛФА ТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ВНУКОТ НА АЛИ АХМЕТИ Дали уапсениот за дрога М.А. е Муса Ахмети?

8,528

Повеќе медиуми ја пренесоа веста дека наводно Муса Ахмети, внук на Али Ахмети од братучед кон крајот на декември лани бил уапсен во неговиот дом каде биле пронајдени марихуана и остатоци од хероин.

Веста jа објави Алфа. Медиумот поставил прашање до МВР, а го добил следниот одговор:






„На 29/30.10 2022 во времето од 19.10 часот до 00.10 часот по издадена наредба од Основен суд Кичево за вршење на претрес во дом и помошни простории, извршен е претрес во домот кај лицето М.А. (34) од село Зајас, кичевско. При претресот пронајдени се и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и кокаин, четири куршуми, чинија со остатоци од кокаин. За овој кривично правен настан под сомнение за сторено кривично дело известен е јавен обвинител од ОЈО Кичево. На 20.12 2022 ОВР Кичево поднесе кривична пријав против М. А. од Зајас“, информираат од МВР.

Поврзани содржини