АЛЕКСАНДРА ПРИЈОВИЌ ПРАВИ РШУМ ВО ХРВАТСКА Поради концертот на српската ѕвезда сменет директорот на салата во Задар

Настапот на популарната српска пејачка Александра Пријовиќ во Задар првично беше одбиен, па потоа сепак закажан за јуни.

518

Градоначалникот на Задар, Бранко Дукиќ кој го одби концертот на Александра Пријовиќ во Задар, а потоа се повлече и се предомисли, го разреши директорот на Спортскиот центар Вишњик, Денис Карловиќ. Спортскиот центар Вишњик е салата во која ќе настапи Александра Пријовиќ во јуни, пренесува Индекс.

Во соопштението за медиумите, Дукиќ истакнува дека извесен период имало нарушување на довербата меѓу директорот и него како градоначалник, што резултирало со одлука за негова смена.






Александра Пријовиќ направи вистински бум во Хрватска и урива рекорди со посетеноста на концертите во Загреб и во другите хрватски градови. Сепак, најмногу прашина се крена поради концертот на популарната српска ѕвезда во Задар. Настапот на Пријовиќ во Задар првично беше одбиен, па потоа сепак закажан за јуни.

Поврзани содржини