🎥 АЛЕКСАНДРА ПРИЈОВИЌ ГО ПРЕКИНА КОНЦЕРТОТ ПОРАДИ НЕГО Филип Живоиновиќ страсно ја бакна среде сцена, публиката во транс

Српската фолк пејачка Александра Пријовиќ синоќа настапи во српската престолнина за реприза на Новата година, а атмосферата се вжештила уште повеќе од неочекуваната ситуација која сите дополнително ги одушевила.

3,304

Српската фолк пејачка Александра Пријовиќ синоќа настапи во српската престолнина за реприза на Новата година, а атмосферата се вжештила уште повеќе од неочекуваната ситуација која сите дополнително ги одушевила. Прија ги пеела своите хитови пред публиката, облечена во црн тесен костум со светкави детали на палтото и со длабоко деколте.

Таа во еден момент престанала да пее додека ја изведувала песната „Девет животи“, кога и пришол сопругот Филип Живоиновиќ и страсно ја бакнал пред сите, држејќи ја за глава. По ненадејниот бакнеж, Александра продолжила да пее, а насмевката не ја тргнала од лицето.

 






@live.nastupiAleksandra Prijovic x Filip Zivojinovic – Devet zivota live at Sava Centar 01.01.2024.♬ original sound – Live nastupi


Дека оваа песна има посебно значење за младиот пар, Прија откри и на вториот концерт во Арена, кога ја најави песната која и е особено драга, бидејќи токму Филип и ја посветил. Станува збор за песната „Девет животи“ која ја отпеа со многу емоции и солзи во очите.

„Многу е убаво кога ќе си ја исполниш желбата. Погледот од овде е неверојатен. Не го кажав ова за да плачам, но многу ве сакам. Му благодарам на Филип за една од најубавите песни што некогаш сум ги снимила – „Девет животи“. Тој ми посвети стих – „Кога сите рекоа дека не си тој, јас реков дека си“, рекла тогаш пејачката низ солзи.

А со овие зборови таа ја сумирала претходната година, која несомнено беше во нејзиниот знак:

„Минатата година ми беше најдобра кога е мојата кариера во прашање. Сакам во оваа години моите да бидат здрави, тоа е најважно. Сонував дека сето ова ми се случува во кариерата, но би била среќна и ако имав по еден концерт во секој град“, рекла Пријовиќ.

 

 

Поврзани содржини