АЛЕКСАНДАР ЗВЕРЕВ ЈА ОСВОИ СВОЈАТА ПРВА ГРЕН СЛЕМ ТИТУЛА Конечно триумфираше на Ролан Гарос
Зверев започна моќно и стигна до 4-0 во гемови, па и покрај малиот отпор на Коболи, успеа да го затвори мечот во своја полза.
Германецот Александар Зверев конечно ја освои својата прва Грен слем титула, откако триумфираше во финалето на Ролан Гарос надигрувајќи го Италијанецот Флавио Коболи со 3-2 во сетови (6-1, 4-6, 6-4, 6-7/5 и 6-1).
Зверев започна со доминантен прв сет, но Коболи покажа зошто е финалист и возврати во вториот, но потклекна во третиот сет, иако имаше шанса за нов брејк, со кој можеше да внесе поголема неизвесност.
Во четвртиот сет видовме израмнета игра, па така мораше да решава тај-брејкот. Зверев поведе со 3-1, но Коболи успеа да направи пресврт и поведе со 4-3, прикажувајќи сила во овие многу важни моменти од мечот.
Италијанецот продолжи со одличниот ритам и успеа да го освои сетот со 7-5 во тај-брејкот.
Одлучувачкиот петти сет донесе прилично еднострана игра, Зверев започна моќно и стигна до 4-0 во гемови, па и покрај малиот отпор на Коболи, успеа да го затвори мечот во своја полза и за првпат во кариерата стигна до титула од најпрестижните АТП турнири во календарот.