📽 АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ НЕ БИЛ ХОМОСЕКСУАЛЕЦ Грција бесна поради новиот документарец на Нетфликс
Истополовите врски биле прилично вообичаена појава низ грчкиот свет. Грците немале збор за хомосексуалност. Тоа едноставно го немало во нивниот вокабулар. Тоа било само сексуалност - вели професорот Лојд Лувелин Џонс од Универзитетот во Кардиф во првата епизода од документарната серија „Александар: Создавање на бог“, што покрена лавина реакции во Грција.
Документарната серијата „Александар: Создавање на бог“ со Бак Брејвејт во главната улога, што се емитуива на Нетфликс, се соочува со остри критики од грчките медиуми, Министерството за култура, како и од Парламентот.
Лина Мендони, грчката министерка за култура, ја критикуваше документарната драма како „фикција со исклучително слаб квалитет“ и „ниска содржина, полна со историски неточности“.
Нејзините коментари дојдоа во време на јавен бунт поради прикажувањето на романтична врска меѓу кралот Александар Велики и неговиот пријател, војсководецот Хефестион. Локалниот грчки весник „Елефтерос Типос“ ја нарече серијата „искривување на вистината“ и го обвини филмот „Александар“ на Оливер Стоун од 2004 година за покренување „пропагандна кампања за хомосексуалноста на Александар“.
Како што пишува Гардијан, Димитрис Нациу, претседател на десничарската политичка партија Ники, ја нарече серијата „жална, неприфатлива и неисториска“ и рече дека таа има за цел „сублиминално да ја пренесе идејата дека хомосексуалноста била прифатлива во античко време, што е елемент без основа“.
First look at ALEXANDER: THE MAKING OF A GOD, a new docudrama series coming on January 31st, 2024!https://t.co/w6CzuMZX6m pic.twitter.com/ot6HaIa2ax
— What’s on Netflix (@whatonnetflix) December 13, 2023
Документарната серија за Александар Македонски стигна на дневен ред и во грчкиот Парламент. Министерката Мендони за серијата рече дека е „полна со историски неточности, што ја покажува негрижата на режисерот и сиромашното сценарио“. За начинот на кој е претставен односот меѓу Александар и Хефестион, Мендони вели дека „во изворите не се споменува дека тој ги надминал границите на пријателството, како што ги дефинирал Аристотел“.
– Не можеме ниту практиката ниту луѓето кои постоеле пред 2.300 години, да ги толкуваме по наши мерки, норми и претпоставки. На Александар Македонски во текот на 2.300 години, никогаш не му била потребна, ниту сега му е потребна интервенција на некој несакан заштитник на неговата историска меморија или дури и на неговата личност и морален углед – рече Мендони.
На прашањето на Нациу дали владата ќе преземе мерки против Нетфликс, Мендони одговори дека тоа би било неуставно. Грчкиот устав, имено, ја штити слободата на уметноста од почетокот на 19 век.
#Alexander: The Making of a God reveals the extraordinary life of Alexander the Great.
Streaming January 31 only on @netflix.
With Lead Writer @chrisbellwriter and with episodes written by Jane Mclean Guerra, Script Editor @AndrewOldbury and Produced by Tony Mitchell. pic.twitter.com/wzNxYE5BXa
— United Agents (@UnitedAgents) January 10, 2024
Природата на односот меѓу македонскиот крал и неговиот војсководец долго време е предмет на шпекулации. Она што не е спорно е дека Александар и Хефестион биле блиски пријатели од детството, а нивните современици често ги споредувале со Ахил и Патрокло.
– Истополовите врски биле прилично вообичаена појава низ грчкиот свет. Грците немале збор за хомосексуалност. Тоа едноставно го немало во нивниот вокабулар. Тоа било само сексуалност – вели професорот Лојд Лувелин Џонс од Универзитетот во Кардиф во првата епизода од серијата.
Спорот за серијата „Александар: Создавање на бог“ потсетува на контроверзноста во Египет минатата година, кога тамошното Министерство за антиквитети во долго соопштение ја критикуваше одлуката на „Нетфликс“ да вклучи црна жена како Клеопатра во документарен филм за познатата кралица.