АЛЕКС РОДРИГЕЗ СИ НАЈДЕ ЗАМЕНА ЗА ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ Двојно помлада од латино дивата (ФОТО)

Младата Кетрин Паџет е новата љубов на заводникот Алекс Родригез кој лани ја раскина свршувачката со Џеј Ло.

448

Иконата на бејзболот Алекс Родригез (46) викендов уживал на јахта во Капри, Италија, со својата нова девојка, фитнес моделот и инфлуенсерка Кетрин Паџет (25). Тој ги покажал и своите фотографски способности, фотографирајќи ја Кетрин во бикини.

Кетрин притоа го покажа своето неверојатно тело во зелено бикини, своите најдобри адути додека му позирала на Алекс, а тој уживал во погледот.

 






Претходно биле видени како разменуваат бакнежи во ноќен клуб. Очигледно е дека и Алекс ја преболел Џеј Ло. Насмеан и расположен уживал со новата девојка во одморот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 👋🥳 (@entretenidord2.0alterna)


Џенифер и Алекс раскинаа минатата година, а нејзината романса со Бен Афлек (49) оттогаш е главна тема. Џенифер ги избриша сите траги на Алекс од својот живот, па поранешните љубовници веќе ги нема ни на Инстаграм. Причина за раскинувањето на свршувачката наводно било неверството на Алекс, кој е познат по врските со славни жени.

 


ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини