АЛЕК БОЛДВИН ЗА ПРВПАТ ПРОГОВОРИ ЗА УБИСТВОТО „Моите деца плачат во автомобил затоа што нè следите“
„Ќе ве замолам за услуга … Моите деца во автомобилот плачат …“, рекол актерот. А, потоа следела пауза. „Затоа што нè следите“, налутено им викнала на папараците неговата сопруга Хиларија Болдвин.
Поминаа нешто повеќе од десет дена од страшната трагедија на снимањето на вестерн-филмот „Рѓа“ каде холивудскиот актер Алек Болдвин ја застрела снимателката и директорката на фотографија, а воедно и негова пријателка, Халина Хачинс и тешко го повреди режисерот Џоел Суза со кој заедно го смислиле целиот филмски проект.
Болдвин сега минува низ најтешките денови, а за прв пат по несреќата пред камера проговори за смртта на колешката, обраќајќи им се на папараците кои неуморно го следат на секој чекор, пишува Глорија.
– Што сакате да знаете? – ги прашал тој папараците, запирајќи го автомобилот на патот во Вермонт.
Откако почнале да го прашуваат тој рекол:
– Не ми е дозволено да коментирам бидејќи истрагата е во тек. Тоа ми беше наредено од Канцеларијата на шерифот во Санта Фе. Не можам да одговорам на прашања за истрагата. Не можам, истрагата за жената која почина е во тек – изјавил актерот велејќи дека Халина пред сè му била пријателка.
– Таа ми беше пријателка, таа ми беше пријателка … Денот кога пристигнав на снимањето, ја однесов на вечера со режисерот, бевме тим кој работеше одлично. А потоа се случи овој ужасен инцидент – рече тој видно потресен.
Сопругата на Болдвин била покрај својот сопруг и ги снимала назад папараците.
– Халина, се викаше Халина – им рекла таа на папараците видно вознемирена. – Ако толку време го истражувате сè ова, до сега требаше да го знаете нејзиното име.

Болдвин рекол дека е во постојан контакт со семејството на Халина.
– Го запознав нејзиното семејство, нејзиниот сопруг … Тие се уништени. Има разни несреќи на филмските сетови, но вакво нешто – ова се случува еднаш … Тој и неговиот деветгодишен син се во шок, ние сме во постојан контакт со нив. Чекаме шерифот да нè извести што откриле во истрагата – рече актерот и додаде дека треба да се воведат нови безбедносни мерки на сетови кога се користи оружје.
Болдвин се согласува дека не треба да се користи вистинско оружје на филмски сетови.
– Не смее да се користи вистинско оружје. Јас не сум експерт за овие работи, некои други луѓе се. Што и да одлучат, на тој начин треба да работиме за да ги заштитиме луѓето на снимањето. Ќе соработувам на секој начин – објасни Болдвин додавајќи дека се сомнева дека снимањето филмот ќе продолжи.
– Ќе ве замолам за услуга … Моите деца во автомобилот плачат … -рекол актерот.
А, потоа следела пауза.
– Затоа што нè следите – налутено викнала неговата сопруга Хилари Болдвин.
– Од почит кон вас, решив да излезам и да разговарам со вас, не можам да зборувам за детали од истрагата, разговарам со полиција секој ден. Разговаравме со вас, сега ве молам престанете да нè следите, оставете нè, кажав се – рекол Болдвин и се вратиле во колата со жена му.
Холивудскиот актер сега ги откажа сите свои проекти и на одредено време се повлекува од светот на актерството, пишува британскиот таблоид Мирор.
Помошникот на режисерот на филмот „’Рѓа“, кој пред несреќата му дал пиштол на Болдвин, им признал на истражителите дека не ги проверил сите куршуми во оружјето со кое била убиена актерката.
– Дејвид Холс се сеќава дека видел само три куршуми откако девојката задолжена за оружјето, Хана Рид-Гутјерез, му го покажала пиштолот. Тој рече дека требало да ги провери сите, но не можел да се сети дали таа го проверила чкрапалото – рече детективката Александрија Хенкок која го испитува случајот.
Во извештајот од полицијата, сепак, стои нешто друго. Таму пишува дека Холс му го дал пиштолот на Бодлвин велејќи му „ладен пиштол“, што во превод значи „празен пиштол“.