📽 АЛЕК БОЛДВИН МУ СЕ ЗАКАНИ НА КОМИЧАР ДЕКА ЌЕ МУ ГО СКРШИ ВРАТОТ Провокаторот го имитираше Трамп и го исмеваше актерот за многу болна тема

Комичарот Џејсон Скуп, како и актерот Алек Болдвин во своите скечеви во американската емисија „Сабота навечер во живо“, го имитира Доналд Трамп, па во видео споделено на својот интернет-простор, на висок тон почна да се потсмева со холивудската ѕвезда, додека Болдвин истоварувал багаж од автомобилот пред својот дом во Њујорк.

341

Алек Болдвин прилично непријатно ги доживеа шегите на комичар кој го исмејувал пред неговиот дом, на тема – трагедијата на снимањето на филмот „’Рѓа“, каде што беше убиена филмската работничка, Халина Хачинс, откако Болдвин несреќно испука куршум кон неа. Имено, во доста напната блиска средба потоа, американскиот актер му се закани на комичарот дека ќе му го скрши вратот.

Џејсон Скуп, како и Болдвин во своите скечеви во американската емисија „Сабота навечер во живо“ (Saturday Night Live), го имитира Доналд Трамп, па во видео споделено на својот интернет-простор, на висок тон почна да се потсмева со холивудската ѕвезда, додека Болдвин истоварувал багаж од автомобилот пред својот дом во Њујорк.






–Алек, па ова е твојот омилен претседател! – му довикнува Скуп на Болдвин, алудирајќи на познатата пародија на Болдвин.

Сето тоа, се чини, наликува на политичка провокација кон Болдвин како неистомисленик на Трамп. Комичарот продолжил, во обид да го имитира Трамп, држејќи голем прстен.

– Ете, Алек, ќе ти понудам целосно помилување бидејќи сакам да бидеме пријатели, нели? Сакам да бидеме пријатели. Ќе ти дадам целосно помилување зашто ја уби таа жена, ако го бакнеш прстенов – му рекол тој на Болдвин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jason Scoop (@jasonscoop)

Поврзани содржини