Албанската полиција разби група фалсификатори и шверцери

Околу 300 албански полицајци вчера спроведоа рации во Тирана и во други градови.

202

Албанската полиција уапси 24 лица осомничени дека се членови на банда што правела лажни документи за шверц на луѓе од Албанија, Косово и други во САД, Канада и Велика Британија.

Полицијата соопшти денеска дека 24 Албанци се уапсени вчера во заедничка операција со Службата за безбедност на Амбасадата на САД во Тирана, на американска иницијатива од пред една година, кога бил одземен лажен американски
пасош.






Околу 300 албански полицајци вчера спроведоа рации во Тирана и во други градови.

Меѓународната банда олеснувала нелегални гранични премини и произведувала лажни пасоши, лични карти, возачки дозволи и картички за здравствено осигурување.

Групата користела и туристички агенции, обезбедувала билети, автобуски превоз и сместување главно во Италија и Германија за луѓе од Албанија, Косово и други кои имале намера илегално да влезат во САД, Канада и Велика Британија.

Поврзани содржини