Албанија забранува партиски, верски и домашни собирања

Во меѓувреме Минстерството за здравство и социјална заштита информираше дека последните 24 часа тестирани се 2.560 сомнителни случаи, а опасниот вирус е дијагностициран кај 694 лица, што е највиска дневна бројка до сега.

155

Техничкиот комитет на експерти за заразни болести на Албанија денеска донесе одлука за дополнителни ограничувања поради ширењето на коронаврусот.

– Од денес се забранува собирање на повеќе од 10 лица на отворен и затворен простор, забрана за партиски состаноци и собири, конференции, церемонии по повод празници,како и домашни веселби и погребни церемонии кои ќе може да се одржуваат само во кругот на семејството. Ова ќе важи до следна одлука – се вели во соопштението.






Поради влошената епидемиолошка состојба Комитетот, чии одлуки се правосилни и нема потреба од дополнително одобрување од страна на Владата или ресорното министерство, на 11 овој месец воведе полицски час од 22 до 6 часот, а од 15 октомври задолжително носење заштитна маска и на отворен простор.

За непочитување на полицискиот час следува парична казна од 80 евра додека за неносење маска 25, а доколку биде повторен прекршокот 40 евра.

Во меѓувреме Минстерството за здравство и социјална заштита информираше дека последните 24 часа тестирани се 2.560 сомнителни случаи, а опасниот вирус е дијагностициран кај 694 лица, што е највиска дневна бројка до сега.

Во исто време во списокот на оздравени се запишани 351 додека починале шест лица во болнички услови, од 28 до 78-годишна возраст. Расте и бројот на хоспитализирани. Во трите ковид болници се третираат 412 пациенти, од нив 13 се на интензивна терапија од кои тројца се интубирани

Поврзани содржини