📽️ АЛБАНЕЦ УАПСЕН ВО ГРЦИЈА, СПРЕЧЕНА КАТАСТРОФА Камерите го снимиле како подметнува пожар кај Атина и како мирно си заминува

Грчките противпожарни служби соопштија дека пожарот бил брзо ставен под контрола, а осомничениот бил идентификуван и уапсен по снимки од надзорни камери.

645

Грчката полиција уапси 50-годишен државјанин на Албанија, осомничен дека намерно предизвикал пожар во местото Аникси, во близина на Атина. Неговото движење било снимено од повеќе надзорни камери, кои помогнале во неговото идентификување.

Според снимките објавени од грчкиот портал „Protothema.gr“, осомничениот со возило застанал покрај суво растително подрачје и отпад во близина на шумска површина. Потоа, како што се гледа на камерите, наводно го подметнал пожарот и мирно се оддалечил од местото, како ништо да не се случило.






Пожарот кој избувнал во петокот, 17 јули, бил брзо локализиран, со што било спречено негово ширење кон шумските подрачја во Аникси и Екалија, како и опасност за околните населени места.

Уапсениот бил пронајден и приведен во рамки на постапка за фаќање на дело, соопшти грчката противпожарна служба.

Од Управата за борба против кривични дела поврзани со подметнување пожари (DAEE) при грчката Противпожарна служба информираа дека 50-годишниот албански државјанин е осомничен дека на 17 јули, околу 00:33 часот, намерно предизвикал пожар на суво растително подрачје и отпад во близина на шумска површина во областа Атика.

Благодарение на брзата реакција на надлежните служби, огнот бил ставен под контрола пред да зафати поголема површина.

Поврзани содржини